Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Стојанова: Мечот со Грција е голема инспирација
    Домашен микс

    Стојанова: Мечот со Грција е голема инспирација

    sasoBy saso01/08/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Женската одбојкарска репрезентација на Македонија в недела, 20 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува селекцијата на Грција во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026.

    По двонеделни подготовки (една во Маврово и една во Скопје) дамите се подготвени да направат чекор напред во однос на нивната игра и претставувањето на теренот. Тоа им е и главната амбиција во пресрет на последните две средби од циклусот, со оглед на тоа дека од претходно ги загубија шансите за учество на континенталниот собир.

    „Мотивацијата е на повисоко ниво од претходните настапи, затоа што веќе почнавме да играме – ако може така да се изразам. Сега кога знаеме како можеме да играме, а ни следат дуели со уште поквалитетни репрезентации, тоа носи уште поголема инспирација да се покажеме во најдобро светло. Голема предност е што сме во комплетен состав овој пат, здрави и без проблеми. Играме со противници кои ни се добро познати и нема простор за изненадување. Направивме добра анализа, добри подготовки и наше е да одиграме најдобро што можеме. Играме за нас самите, свесни сме дека резултатски немаме што да загубиме. Истовремено овие натпревари може да ни дојдат и како добра увертира за веќе следниот циклус, во кој се надевам дека ќе одиме чекор напред. Сигурна сум дека на престојните натпревари ќе понудиме уште подобра игра од онаа во Европската лига, особено на првиот меч во Скопје“ – изјави Тамара Стојанова.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.