Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Стојановски: Дојдовме овде да покажеме добра игра и да победиме
    Фудбал

    Стојановски: Дојдовме овде да покажеме добра игра и да победиме

    risteBy riste08/06/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Затоа што селекторот Благоја Милевски е суспендиран и нема да ја води Македонија на гостувањето кај Казахстан, на прес-конференцијата пред натпреварот со Казахстан беше неговиот асистент Роберт Стојановски.

    Стојановски кој е дел од стручниот штаб и е асистент на Милевски ќе биде крај аут-линијата. За дуелот тој кажа дека нашиот национален тим е подготвен да се надигува со ривалот иако ќе се игра на поинаква подлога.

    „Ова е квалификациски натпревар. Сите опции се во игра. Ние сме дојдени тука да прикажеме пред се добра игра. Имаме добра екипа која ја почитуваме. Не не залажува резултатот од пријателскиот меч кој го одиграа со Белорусија. Ние сме професионалци, спремни сме да играме на вештачката подлога. Имаме проблеми со недоаѓањето на Алими и Димоски, но оние кои се тука, се спремни да го дадат максимумот.

    Вистина е дека за дел од нашите играчи првенствата завршија порано, но во тој поглед мислам дека сме во ред. Искуството од претходните јунски прозорци вели дека не се покажавме тогаш добро, но сега веруваам дека ќе биде поинаку. Околу мотивацијта, не ни треба нешто повеќе затоа што се игра за Македонија.

    Голем број од играчите не играат на вештачки терен и мислам дека успеавме да се спремиме во тој дел. Околу тактикаата, многу работи ќе зависат од денешниот тренинг, по кој ќе ја одлучиме формацијата. Но, таа што ни дава резултати нема да ја менуваме“, изјави Стојановски.

    Мечот меѓу Казахстан и Македонија се игра на „Астана Арена“ во понеделник од 16:00 часот по македонско време. Дуелот ќе се игра на вештачка трева.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.