И покај тоа што имаше информација дека Влатко Стојановски нема да може да настапи за Македонија во првите натпревари од квалификациите за СП, тој сепак му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски и денес допатува во Скопје на стартот на подготовките на нашата репрезентација.
Тој дадде свое видување за Романија која е нашиот прв противник во овие квалификации.
„Многупати докажавме дека можеме да се надигруваме со сите селекции, без разлика на нивниот квалитет и ранкинг. Во нашата селекција владее одлична атмосфера, по успешните квалификации за Европското првенство, и затоа мислам дека сме подготвени за претстојните три натпревари од квалификациите за Светското првенство. Кај нас мотивот секогаш е на високо ниво. Без разлика што Романија нема да игра на Европското првенство, поседува многу квалитет во својот ростер и сигурен сум дека ќе биде одличен натпревар. По нашиот пласман на континенталниот собир, сега сите репрезентации ќе нè гледаат со поинакви очи“, рече Стојановски.
Заедно со искусните Пандев и Несторовски тој треба да биде сериозна закана кон голот на Романија на средбата која ќе се игра на 25.март во Букурешт.