Напаѓачот на нашата селекција Влатко Стојановски кој оваа сезона како позајмен фудбалер настапува за Шамбли, е среќен што повторно е во друштво со најдобрите македонски фудбалери и верува на позитивни резултати во првите два натпревари од Лига на Нации против Ерменија и Грузија.

„За секој фудбалер чувството е одлично да биде дел од својата репрезентација. Очекувам добри резултати на овие два натпревари. Македонија игра колективно, сплотени сме и сметам дека може да постигнеме поволни резултати. Имавме долга пауза, но уверен сум дека секој од нас работеше индивидуално и сигурен сум дека сите ќе бидеме на висината на задачата“, вели Стојановски.
Стојановски има два настапи за А селекцијата на Макеоднија и еден постигнат гол, oној во Виена против Австрија.

