Стрелец на единствениот гол за Македонија во Виена против Австрија беше Влатко Стојановски кој дебитираша во дресот на нашата репрезентација.
Стојановски најавува дека ова е само почеток на головите во националниот дрес.
„За секој играч е чест кога игра во македонскиот дрес. Мислам дека тоа е едно огромно чувство на среќа за секој фудбалер. Работата на секој напаѓач е да ја користи секоја шанса, но дали ќе се случи, не зависи од мене. Среќен сум поради голот, но можев да дадам уште еден. Сега не очекува мечот против Израел. Не зависи од мене дали ќе настапам, тоа е одлука на селекторот и во зависност од тактиката. Доколку настапам ќе го дадам максимумот и на тој меч како што беше и на овој“, изјави Стојановски, по натпреварот со Австрија.