По вчерашното реми со Летонија на пријателскиот меч во Скопје, нашиот репрезентативец Андреј Стојчевски истакна дека ремито без голови е резултат кој не го радува никого.
„Има разочараност од екипата затоа што не победивме денес. Теренот беше ист за двете селекции, во дефанзивата добро функциониравме. Ни фалеше гол во нападот, но што е тука е, одиме во Велс да покажеме што знаеме и дека ништо не е случајно од ова што го градевме. Добра е атмосферата во екипата, одиме на победа и се надевам дека ќе се вратиме со три бода“, изјави Стојчевски.
Македонија сега се подготвува за мечот со Велс на 18 ноември. Нашиот национален тим го чека епилогот од дуелот меѓу Лихтенштајн и островската селекција, за да има јасна слика дали реми или само победа над ривалот ќе ја однесат по полесен пат во баражот за Мундијалот.

