Селекторот на фудбалерите на Србија, Драган Стоковиќ- Пикси, вели дека проблемите со повредите и натаму му создаваат проблeми на Мундијалот во Катар. Неговите играчи денеска ремизираа со Камерун 3:3 и максимално си ја искомпликуваа ситуацијата.
„Имавме повторно проблем, два централни стопери ни бараа измени и моравме да реагираме. Немаме среќа со тие повреди, здравствениот билтен не загрижува“ – вели Стојковиќ.
„Фрустриран сум поради резултатот, имаше убави акции, посебно за третиот гол но, тогаш дојдоа двата гола на Камерун. Штета , поради грешките останавме без победи“ – изјави Стојковиќ.