Ракометарот на Алкалоид, Марко Стојковиќ, очекува со помош на публиката да се забележи поволен резултат на реваншот со Баја Маре и да се обезбеди место меѓу најдобрите четири во Европскиот Куп на ЕХФ.
„Најпрво сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите во Кочани, на повредените им посакувам брзо опоравување, во мое име и во името на сите ракометари на Аклкалоид. Го анализиравме противникот и максимално се подготвуваме за да извлечеме позитивен резултат. Ја повикувам публиката да дојде во голем број и да ни даде поддршка, за на крајот заедно да славиме“ – вели Стојковиќ.
Алкалоид доколку ги помине Романците, ќе игра со подобриот од двомечот меѓуК Олимпијакос од Грција и Рунар од Норвешка.

