Нашиот атлетичар, Јован Стојоски, денеска имаше дебитантски настап на Светското првенство што се реалзира во Доха.
Единствениот македонски претставник 17-от светски атлетски собир се појави во квалификациите на 400 метри и го освои последното место во неговата група. Тој трчаше во третата од шесте квалификациски групи и забележа време од 47 секунди и 92 стотинки што е за една секунда послабо од неговиот најдобар резултат.
Македонскиот атлетичар на крајот го обезбеди 38-то место во конкуренцијата во која беа пријавени 41 натпреварувач.