Утрово на Европското атлетско првенство во сала кое се одржува во полскиот град Торун, свој настап на трката на 400 метри имаше нашиот единствен преставник, Јован Стојоски.
Тој настапи денес на првиот ден од првенството во утринската сесија во втората од вкупно деветте квалификациски групи и оствари резултат 48.60 секунди, освојувајќи го последното, 6-то место во својата група.