Столе Димитриевски ја заврши сезоната на најдобар можен начин и со нова страшна одбрана против Барселона. На прес-конференцијата по вчерашниот триумф над новиот шампион, Столе зборуваше за сезоната, но и за својата иднина.
„Вистинска штета е што не изборивме излез во Европа. Се боревме до самиот крај, ја победивме Барселона, но не ни одеа во прилог резултатите од другите натпревари. Тажни сме, но мора да се подигнеме после ваква сезона и повторно да почнеме отпочеток. Јас сум среќен во клубот. Откако добив шанса за игра од јануари, одговорив на задачата и покажав што можам да понудам. Кога играв во овој втор дел од сезоната, секогаш тоа го правев со насмевка на лицето. За мојата иднина, тоа е прашање за клубот и мојот агент. Набрзо ќе дознаеме повеќе информации за мојата иднина“, изјави Димитриевски.
Во медиумите вече почнаа да кружат гласини за нов договор со Валенсија, но и за сериозен интерес од Олимпик Маресеј.

