Фантастичниот Столе Димитриевски синоќа правеше чуда на голот на Македонија на гостувањето во Белгија. Македонија успеа да извлече реми и да остане на првото место во квалификациката група.
„Доста тежок натпревар на белгиски терен. Тие беа навистина одлични, особено во офанзивата. Но, ние одигравме перфектен натпревар во одбраната. Беше тешко да се игра против ваква селекција. Не можеме така лесно да излеземе од прва во трета зона, бидејќи нè притискаа постојано. Но, пак ќе речам – дефанзивно одигравме без грешка. Од првиот натпревар во овие квалификации ние одиме на победа. Така да за нас прво место е историја, натпреварот со Казахстан ќе биде доста тежок, но играме дома пред нашата публика. Но, треба да се одмориме, да се подготвиме и да одиграме фантастичен натпревар за да го освоиме трите бода“, изјави по вчерашниот меч во Гент, првиот голман на нашата репрезентација.
Македонија во понеделник во Скопје се среќава со Казахстан во претпоследниот натпревар од овие квалификации.

