Младиот фудбалер на Ајакс, Матијас де Лихт, одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, пишува денеска холандскиот весник – „Де Телеграф“. Според наведеното, играчот на „копјаниците“ ќе се пресели во Италија во шампионската екипа на Јувентус.
Де Лихт долго време се поврзуваше со ангажман во Барселона или ПСЖ, но, на крајот ги одби нивните понуди и одлучи да се пресели во Торино. На неговата одлука големо влијание имал и неговиот агент задолжен за трансфери, Мино Раиола.
„Старата дама“ за неговите услуги ќе му плати на холандскиот тим 70-ет милиони евра додека самиот играч ќе заработuва годишно од 15 до 20 милиони со вклучени даноци.