Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред мечот со Лестер закажан за в понеделник на стадионот – „Етихад“, вели дека популарните „лисици“ играат одлично под диригентската палка на Брендон Роџерс. Шпанскиот старатег посочи дека неговите избраници ќе мора посебно да внимаваат на Џејми Варди кој постигна 10 голови во последните девет натпревари.
„Неговата кариера зборува за него а не само последните натпревари. Тој е врвен напаѓач, неговото движење, завршница, борбеноста“ – вели Гвардиола алудирајќи на ефектот на Варди.
„Лестер беше тим кој играше на контра напади, но, сега со Роџерс се обидуваат да ги контролираат сите делови на теренот. Мислам дека Брендан го покажа неговиот квалитет. Јас сум импресиониран“ – потенцира Гвардиола.