Од 23 до 28 јуни во Струга ќе се одржи силен Интернационален џудо натпревар и камп „Струга опен 2023“, во организација на ЏК Дрим од Струга и „Порака Нова“ – Струга.
Манифестацијата ќе привлече голем број натпреварувачи од регионот и континентот.
„Во рамките на натпреварот ревијално ќе се натпреваруваат и лица со интелектуална попреченост како дел од проектот Judo4All. На настанот очекуваме повеќе од 600 гости, џудисти, тренери од повеќе држави од регионот и Европа“, информираат организаторите.
Натпреварот ќе се одржи во Спортскиот центар „Тими“ в сабота, на 24 јуни, со почеток во 10:00 часот.

