Денеска беа формирани двојките за полуфиналната фаза во домашниот фудбалски Куп.
Струга Трим Лум ќе игра со Силекс а Шкендија ќе се сретне со Македонија ЃП. Ќе се одигра само по еден меч. Доколку нема победник во регуларниот дел, веднаш ќе се изведуваат пенали. Терминот е 5 април.
Кратовци имаат три пехари. „Лавовите“ имаат два и се актуелни бранители на трофејот. Шкендија исто така два пати победила во финалето додека Струга допрва го чека премиерниот трофеј од Купот.