Фудбалерите на Струга со негатива ќе патуваат на реваншот со Брејдаблик во квалификациите за Конференциската Лига.
Македонскиот тим денеска во улога на домаќин на теренот во Охрид претрпе минимален пораз од 1-0. Голот за гостите го постигна Гуглаугсон во 35 минута. Претходно на стружани со помош на ВАР им беше поништен погодокот на Шабани.
Реваншот на Исланд ќе биде одигран на 31 август од 18.45 часот. Победникот од двомечот ќе влезе во групната фаза во третото по ранг натпреварување под капата на УЕФА.