Со победата над Силекс од 3:0 вчера во рамките на 31. коло од домашното фудбалско првенство, екипата на Струга ТЛ е нов шампион на Македонија. Стружани кои оваа сезона од првото до последното коло се на врвот на табелата, сосема заслужено за првпат во историјата ќе го кренат шампионскиот пехар во своите раце.
Струга ТЛ на две кола до крајот ја освои шампионската круна и стана првиот град по Скопје и Тетово кој од 2007 година, па наваму,има свој фудбалски првак.