По елиминацијата во 1. Коло од Лигата на шампионите, македонскиот првак Струга Трим Лум попладнево во Охрид ќе го одигра првиот меч од 2. Коло од квалификациите во Конференциската лига. Стружани го пречекуваат црногорскиот првак Будуќност со надеж дека ќе успеат со победа на отпатуваат на реваншот во Подгорица.
„Деновиве се обидовме да дојдеме до информации преку видеата од нивните последни натпревари кои ги одиграа. Максимална почит за Будуќност, бидејќи тоа е екипа со традиција во Црна Гора, екипа која има историја и има одиграно стотици меѓународни натпревари, нашата почит кон Будуќност е максимална. Мило ми е што Струга Трим Лум како млада екипа, по два многу достоинствени натпревари против екипа со име како Жалгирис, се дискутира како фаворит. Вистина е дека треба да бидеме фаворити, особено гледајќи го настапот на тимот на двата меча против Жалгирис“, вели во пресрет на мечот, тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро.
Средбата попладнево на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид почнува од 17 часот.