На стартот на летниот периоден рок во Првата македонска фудбалска лигата дојде и првата трансфер „бомба“. Бесарт Ибраими и официјално е нов фудбалер на Струга Трим Љум.
Денес од страна на екипата на Струга беше објавено дека Бесарт Ибраими е нов член на овој клуб. Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ се враќа во мак-фудбалот и во иднина ќе настапува за оваа екипа. Трансферот на поранешниот македонски репрезентативец го потври и самиот клуб, со интересно видео на социјалните мрежи.
Ибраими, кој има богата кариера, почна во 2005 година во Велазерими во родното Кичево, а потоа играше за Напредок, Ренова и Шкендија на домашната сцена, додека во странство настапуваше за Шалке 04, Севастопол, Таврија, Металург Запорожје, Енозис, Ермис и Ксанти.
Најголемите успеси во кариерата ги ппостигна со Шкендија. Во дресот на оваа екипа настапуваше од 2015 до 2021 година, постигна 147 погодоци, со што стана најдобар клупски стрелец. Покрај тоа, тој го надмина и Баже Илијоски уште пред две години и стана најдобра стрелец во историјата на ПМФЛ.