Фудбалерите на Академија Пандев денеска ќе го пречекаат составот на Победа во првата средба од полу-финалето во фудбалскиот Куп на Македонија.
Прилепчани се во голема криза од секој аспект а тоа кулминираше и со вчерашното отсуство на тренерот Јане Николовски кој не се појави на вообичаениот тренинг. Натпреварот меѓу Академија Пандев и Победа кој ќе биде одигран денеска на стадионот „Младост” во Струмица со почеток во 14 часот ќе го суди Јосип Бартон од Скопје. Реваншот е закажан за 10 април.
Во втората полу-финална пресметка Македонија Ѓорче Петров славеше на гостувањето кај Беласица со 1 спрема 0.