Англиските медиуми објавија дека луѓето од Ливерпул сериозно размислуваат да го купат напаѓачот на фудбалскиот состав Атлетико Мадрид, Луис Суарес, кој успешно настапуваше за „црвените“ во периодот од 2011 до 2014 година.
Наводно, тоа ќе се случи доколку првата ѕвезда на тимот, Мохамед Салах, се одлучи да ја промени средината за што постојат одредени шпекулации.
Ќе потсетиме дека Уругваецот додека го носеше дресот на тимот од – „Енфилд“ одигра 133 натпревари на кои постигна 87 голови и направи 47 асистенции.

