Напаѓачот на фудбалскиот состав Атлетико Мадрид, Луис Суарез, откри како бил третиран во редовите на Барселона пред да замине во таборот на „јорганџиите“.
„Тоа што навистина ме навреди беше кога ми кажаа дека сум стар и дека не сум можел повеќе да играм на високо ниво за да бидам во голем тим. Тоа ја прели чашата“ – открива Уригваецот.
„Да немав ништо постигнато во клуб како Барса за едно 3 или 4 сезони, ќе разберев, но, секоја сезона постигнував повеќе од 20 голови. Секогаш имав добра статистика “ – потенцираше Суарез.