Поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, кој сега ги брани боите на Атлетико Мадрид, изјави дека некогашниот прв човек на Каталонците и тренерот, Роналд Куман, го третирале како мало дете.
„ За моето заминување еднаква одговорност имаат поранешниот претседател Бартомеу и Куман кој со мене се однесуваше како да имам 15 години. Што се однесува до актуелната ситуација, војната меѓу Лапорта и Куман влијае во соблекувалната –потенцира Уругваецот.
Суарез воедно проценува дека легендарниот играч на Каталонците, Чави, не треба да се врати на „Kамп Ноу“ во улога на тренер бидејќи целата ситуација е крајно компликувана.