Луис Суарез ја обвини ФИФА дека „секогаш е против Уругвај“. Учеството на напаѓачот во репрезентацијата на Уругвај на Светското првенство во Катар заврши во солзи и покрај победата од 2-0 против Гана во последниот натпревар од групната фаза во петокот.
Уругвај протестираше бидејќи со имаше сериозни претензии за пенал по контактот на Дарвин Нуњес и Даниел Амарти во шеснаесетникот на африканскиот тим, но судиите не покажаа на белата точка, а Уругвај остана без третиот гол кој им беше потребен за пат понатаму.
„Пеналот над Дарвин беше многу чист. Имаше контакт“, изјави ветеранот Суарез, дополнувајќи:
„По мечот сакав да го прегрнам семејството, но луѓето од ФИФА не ми дозволија. Се чини дека Уругвај нема симпатии во ФИФА. Очигледно, тие секогаш се против нас“.