Уругвајскиот фудбалски ветеран, Луис Суарез, потврди дека ќе ги брани боите на екипата на Национал.
„Се надевам дека договорот ќе се официјализира“ -истакна искусниот напаѓач кој добил повеќе понуди, но, одлучил да ја прифати на клубот во кој ја започна кариерата.
Суарез играше за уругвајскиот состав од 2005-2006 година пред да се пресели во Гронинген. Тој во богатата кариера ги носеше дресовите на: Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

