Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез сака да му се приклучи на американскиот тим Интер Мајами и дури е подготвен да ги врати платите што ги добиваше од неговиот бразилски клуб Гремио во последните 6 месеци за да го исчисти трансферот, тврди „Мундо Депортиво“.
Големата желба на Суарез е повторно да игра во иста екипа со неговите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Интер Мајами објави дека има можност да ангажира уште еден играч надвор од САД пред затворањето на преодниот рок во МЛС лигата на 2 август и не кријат дека се заинтересирани за привлекување на 36-годишниот Луис Суарез. Минатата сезона уругвајскиот ветеран одигра 30 натпревари на кои постигна 13 гола и имаше 9 асистенции за Гремио.

