Ветеранот, Луис Суарез, може да добие понуда да го облече дресот на Борусија Дортмунд, најавуваат дел од медиумите во Германија.
35- годишниот фудбалер кој нема ангжман, изненадувачки може да заигра за прв пат во Бундес-лигата.
„Милионерите“ иако не ангажираат играчи што се во залез на кариерата, сега се соочуват со големи проблеми во навалната линија и затоа може да го ангажираат Уругваецот кој има богато искуство во европскиот фудбал.