Англискиот фудбалски состав Ливерпул размислува да направи сензационална понуда за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез.
Наводно, луѓето од „Енфилд“ размислуваат да го вратат Уругавајскиот напаѓач како замена за Мохамед Салах кој најверојатно во текот на летото ќе замине во нова средина. 34-годишниот Суарез има одлична сезона во шпанскиот состав со постигнати 19 голови на 26 натпревари.
Ќе потсетиме дека луцидниот напач ги бранеше боите на „црвените“ вo периодот од 2011 до 2014 година кога одигра 110 средби и даде 69 голови.

