Тренерот на фудбалерите на Арселан, Унаи Емери, потенцира дека Денис Суарез кој беше ангажиран на позајмица од Барселона, се уште не е подготвен да игра полни 90 минути.
„Тој работи секојдневно и ја подобрува формата. Мислам дека за секоја адаптација е потребно време. Неговата самодоверба ќе се зголемува и полека ќе ги запознава соиграчите за време на тренинзите“ – вели Емери.
„Знам дека не може да одигра максимално 90-ет минути бидејќи не е влезен во ритам. Има опција утре да биде стартер иако мислам дека пореално е да остане на клупата а потоа да помогне на теренот ” – рече Емери.