Хрватскиот голман Даниел Субашиќ го коментираше пласманот на својот тим во 1/4 финалето на Светското првенство – 2018 година, каде што ќе игра против рускиот национален тим.
„Бев убеден во мене пред пенали со Данска. На ден пред натпреварот, одбранив шест пенали на тренинг. Беше тешко, притисокот беше многу голем. Јас не сум херој на Хрватска, јас само уживам во овие денови. Херојот не сум јас, туку целиот тим“ изјави Субашиќ.
Голманот на Хрватска се осврна и на противникот во 1/4 финалето, селекцијата на Русија.
„Рускиот тим има квалитетни и силни играчи. Покрај тоа, Русија игра дома пред илјадници свои фанови кои ќе ги бодрат. Тоа нема да биде лесно за нас”, изјави за официјалната веб-страница на ФИФА голманот на Хрватска Даниел Субашиќ.