Весникот – „Гардијан“, тврди, дека шансите на Ерик тен Хаг да остане во Манчестер Јунајтед се 50:50.
Во текстот се наведува дека челниците на тимот ќе ја донесат одлуката по финалето во ФА Купот со Манчестер Сити кое ќе биде одиграно на 25 мај.
Доколку „црвените ѓаволи“ го победат градскиот ривал, тоа ќе му помогне на Тен Хаг да ја задржи позицијата. Холандскиот тренер има уште година од договорот.