Судијата Розарио Абисо е суспендиран и нема да суди на наредните три натпревари. Абисо го навлече гневот на „нероаузрите” од Милано при драматичниот финиш на мечот кој заврши 3:3 со Фиорентина на „Артемио Франки” во Фиренца.
Абисо донесе контрадикторна одлука да досуди контраверзен пенал во корист на „виолетовите” и тоа во дополнителното време и со тоа им овозможи на Фиорентина да дојдат до бод во 101-та минута. Судијата досуди пенал во корист на домаќините за игра со рака на Данило Д’Амброзио, иако топката удри во градите на фудбалерот.
Абисо нема да суди практично еден месец до 24-ти март. Покрај тоа, судијата нема да ги суди натпреварите на Интер до крајот на сезоната.