Централниот суд на Шпанија со јурисдикција низ целата земја, го затвори случајот против напаѓачот на Барселона, Лионел Меси и неговиот фонд, по обвинението за затајување данок, измама и перење пари, јавува весникот „Марка“.
Судијата Марија Тардон се одлучи да го затвори случајот поднесен од поранешната вработена во фондацијата на Лионел Меси, како и неговиот татко и брат. Случајот беше затворен поради недостаток на податоци и докази за стореното дело. Сите обвиненија се засноваа само на вести во медиумите.
Случајот е затворен согласно член 637 од Кодексот за кривична постапка. Судијата не виде причина да се продолжи случајот и дека навистина е сторено кривично дело.