Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез очекува топло добредојде од фановите на неговиот поранешен тим Ливерпул.
Двата тима играат еден против друг во полуфиналето во Лигата на шампионите, а Барселона победи со 3:0 во првата средба на „Камп Ноу” пред една недела. Суарез постигна еден од головите и со голема радоста го прослави голот што беше прифатено лошо од навивачите на Ливерпул.
„Многу сум благодарен на Ливерпул за сè и сум радосен што повторно ќе играм овде. Нема да прославувам, ако постигнам гол и овде. Не треба да се залажуваме со резултатот од првиот натпревар, бидејќи Ливерпул може да ја казни секоја наша грешка. Овој тим беше финалист минатата година во истото ова натпреварување, а сега е во борбата за титулата во Англија”, коментираше Суарез.