По шпекулациите дека францускиот фудбалер, Пол Погба, може да замине во редовите на Манчестер Сити откако налето ќе му заврши договорот со Јунајтед, се огласија повеќе видни личности од англискиот фудбал.
Меѓу нив е легендата на Ливерпул, Греем Сунес, кој вели дека бил шокиран кога слушнал за таков можен трансфер.
„Тоа нема фудбалска логика. Пеп сака играч што трчаат многу, бара голема пожртвуваност и дисциплина. Погба не може да се носи со темпото во Премиер-лигата“ – потенцираше Сунес.