Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Супер дерби Франција – Аргентина на стартот на 1/8 финалето на СП
    Фудбал

    Супер дерби Франција – Аргентина на стартот на 1/8 финалето на СП

    risteBy riste30/06/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    На самиот старт на осминафиналната фаза од СП во Русија супер-дерби меѓу Франција и Аргентина. Франција предводена од можеби првата меѓу многуте ѕвезди Антоан Гризман ќе се обиде да ја изненади Аргентина, која водена од Лионел Меси едвај ја ппомина групата.

    Аргентина сигурно дека не посакуваше во 1/8 финалето да има противник како Франција, но втората позиција на табелата во својата група ги однесе директно на мегдан против една од најквалитетните селекции во досегашниот дел од СП. Очигледно дека двете фудбалски велесили не ја имаат покажано својата најдобра слика на Мундијалот, па зато аможе да очекуваме дека на оваа средба ќе ги отворат картите и ќе играат добро. Дидие Дешамп на овој меч нема да може да смета на Бенџамин Менди поради повреда на мускулот, но се очекува да има одморен тим, ако се земе предвид дека против Данска во последното коло настапи со комбиниран состав.

    Аргентина нема проблеми со повредите и се очекува на терен да истрчаат истите фудбалери што ја победија Нигерија за пласман во 1/8 финале. Сампаоли беше критикуван за менување формации, експериментирање со играчи од аргентинската лига, но во последното коло го сепак им даде доверба на играчите од Европа кои одлично се снајдоа во новата формација.

    Овие две селекции досега имаат одиграно 11 натпревар меѓусебе, а статистиката е на страната на Аргентина, со шест победи. Во изминатите 32 години, двете селекции имаат одиграно само два пријателски меча, во 2007 и 2009 и двете ги доби Аргентина. Сепак традицијата е на страната на Франција, затоа што немаат пораз од селекција од Јужна Америка на последните осум натпревари на Светските првенства. Последен пат, загубиле во 1978 токму од Аргентина (1:2). Французите немаат пораз во осминафиналините средби откога се воведени (1986, 1998, 2006 и 2014 година).  Аргентина има искуство со елиминациите, на последните пет Светски првенства играше во четвртфиналето.  Натпреварот меѓу Франција и Аргентина се игра денеска од 16.00 часот на „Казан Арена“ во Казан.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Ристовски проговори за ситуацијата во клубот

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.