Четири англиските фудбалски гиганти ќе се сретнат во меѓусебни дуели од четвртото коло од Лига Купот (Куп Карабао).
Ждребката која беше одржана синоќа беше немилосрдна, па донесе неколку супер дерби средби во оваа фаза на Карабао Купот. Ливерпул ќе го пречека Арсенал на „Енфилд“, а Манчестер Јунајтед ќе гостува кај Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
На другите средби, шампионот Манчестер Сити е домаќин на Саутемптон, Астон Вила го пречекува Вулверхемптон, а Евертон го пречекува Ватфорд.
Дуелите ќе се играат во викендот што започнува на 28 октомври.
Комплетната ждрепка за четвртото коло:
Евертон – Ватфрод
Астон Вила – Вулверхемптон
Манчестер Сити – Саутемптон
Бартон – Лестер
Кроули – Колчестер
Челси – Манчестер Јунајтед
Оксфорд – Сандерленд
Ливерпул – Арсенал