Италијански фудбалски напаѓач Марио Балотели кој во текот на летово се раздели со Бреша, се наоѓа на радарот на американскиот ЛА Галакси и турскиот Бешикташ, тврди „Кориере дело Спорт“.
Претходно имаше непотврдени информации дека за потписот на црномурестиот играч се заинтересирани и романскиот Клуж и бразилскиот Фламенго.
Балотели кој во дресот на Бреша помина само една сезона, некаде во јуни годинава имаше недоразбирања со управата поради неговиот несериозен однос кон тренинг –процесот.