Шпанската ѕвезда во редовите на Милан Сусо коментираше за зголемените гласини, кои го испраќаат далеку од „Сан Сиро”.
Крилото на „росонерите” се преставува одлично оваа сезона, а тоа не остана незабележано од селекторот на Шпанија Луис Енрике, кој го повика Сусо во националниот тим за средбата со Хрватска од Лигата на нациите. Шпанецот се споменува за трансфер во Реал Мадрид.
„Во Милан се чувствувам одлично. Италијанската култура е многу блиску до шпанската. Гатузо е совршен тренер за нас. Работам напорно и оваа покана е наградата за најдобри игри кои правам оваа сезона. Се чувствувам горд што сум поврзуван со најголемите клубови во светот. Тоа значи дека ја вршам својата работа добро и покажувам дека вредам”, коментирал Сусо.