Македонската фудбалска репрезентација денеска продолжи со тренинзи од затворен тип подготвувајќи се за мечот со Украина в сабота во прага. Украинците се таму од минатиот викенд и исто така ја темпираат формата за дуелот со нашата репрезентација.
Дефанзивецот на Украина, Александар Сваток во изјава за украинските медиуми вели дека се свесни за тоа колку значи овој натпревар за двете репрезентации и дека очекува тежок натпревар против Македонија.
„Македонија е силен противник, нè очекува тежок натпревар. Видовте како одиграа со Италија во Скопје. Мора да играме како да ни е последен натпревар. Сигурен сум дека ќе добиеме поддршка и од навивачите на трибините“, изјавил Сваток.

