Некогашниот селектор на Англија, Свен Горан Ериксон, прогнозира дека Англија ќе стигне до полуфиналето на Светското првенство во Русија. Тој во изјава за англиските медиуми вели дека Англија не треба да се плаши да оди со формацијата 3-5-2, со која Герет Саутгејт и планира да игра во Русија.
„Навистина ми се допаѓа сегашниот состав на Англија. Ако добро можат да се бранат, тие ќе имаа многуидобри контра-напади. Англија има и темпо играчи кои можат да добијат дуели еден на еден. Ако ме прашувате за прогноза, мислам дека ќе играат во полуфиналето“, смета шведскиот стратег.