Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, влегува во плановите на ПСЖ, велат најавите од Англија и Франција.
Репрезентативецот на Египед би требало да биде замена за Килијан Мбапе кој доцна синоќа потврди дека во текот на летото ќе си замине од стадионот – „Паркот на принцовите“.
Салах го облече дресот на „црвените“ во 2017 година и досега има одиграно 238 средби на кои постигна 151 гол.

