Фудбалерот на Интер, Шкрињар, останува примарна цел на челниците на ПСЖ кои испратиле втора понуда вредна 60 милиони евра.
Во истата се вклучени и одредени бонуси. Претходно италијaнскиот тим одби да го продаде репрезентативецот на Словачка за 50-ет милиони евра.
Тој во претходната сезона се појави на 48 средби во сите конкуренции и постигна 4 голови. Интер за неговиот потпис бара од 70 до 80 милиони.