Фудбалерите на ПСЖ на „Паркот на принцовите“ денеска ќе го пречекаат Реал Сосиедат во воведната пресметка во осмина-финалето во Лигата на шампионите.
Мбапе и соиграчите се во одлична форма откако на девет натпревари забележаа осум победи. Тоа во комбинација со рејтингот на двата тима, им дава улога на големи фаворити иако не смееме да заборавиме дека „низ иглени уши“ успеаја да ја поминат групата и да влезат во фазата на елиминации.
Од другата страна, Реал Сосиедад има цврста одбрана и форсира пресинг на полето на противникот. Можеби нема ѕвезди што отскокнуваат но, има крајно хомогена екипа. Судија ќе биде Италијанецот, марко Гуида.

