Мундијалот во Русија ќе даде нов светски шампион. Германија доживеа елиминација уште во групната фаза,откако денеска на стадионот во „Казан“, доживеа пораз од Ј. Кореја со 2:0, додека на вториот меч од ова 3. Коло, селекцијата на Шведска го торпедираше Мексико со 3:0.
Германците одиграа уште еден блед меч до непрепознатливост, неможејќи да притиснат пред голот на жилавите азијци, ки на крајот во последните минути од средбата искористија две шанси и дојдоа до убедлив триумф.
Првиот гол за Ј. Кореја го постигна Ким во 92 минута, додека во 90 минута Сон само ја потврди победата и елиминацијата на Германија.
Во вториот меч во Екатеринбург, Мексико тргна да се „коцка“ и да игра на реми, па доби жесток одговор од скандинавците кои со три гола во вториот дел си обезбедија осминафинале. Головите за Шведска ги постигнаа Аугустинсон во 50. минута, Гранквист од пенал во 62. минута и Алварез (автогол) во 74. минута.