Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Светскиот шампион на колена пред Мексико
    Фудбал

    Светскиот шампион на колена пред Мексико

    sasoBy saso17/06/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Мексико го порази светскиот шампион од Бразил 2014-тата, Германија со 1:0 на стартот на СП во Русија во рамките на групата „Ф“. Мексиканците одиграа извонредно прво полувреме и со неколку шанси уште во првите 15-тина минути го најавија триумфот. Голот за радост и победа стигна во 35 минута и беше дело на голгетерот на холандски ПСВ, Ирвин Лозано.

    Иако во второто полувреме Мексиканците се повлекоа и им оставија многу простор за игра на Германците, актуелниот светски шампион не успеа да искористи ниту една шанса. Забележливо во тимот беше лошата игра на средниот ред и нефункционалноста на неколку играчи, како Милер, Озил и Кедира.

    Селекторот на Германија, Јоаким Лев сега ќе мора да најде начин како ќе го врати својот тим на вистинскиот пат, ако се знае дека прекупотребни му се победи на следните два меча со Ј. Кореја и Шведска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.