Полската тенисерка Ига Швојтек, проговори за поразот од Русинката, Екатерина Александрова, во меч од четвртото коло на турнирот во категоријата ВТА-1000 во Мајами (САД).
„Секако дека сум разочарана бидејќи очекував да играм подобро во Мајами. Екатерина одигра неверојатен меч. Немав време да го пресметам нејзиниот сервис. Малку се напнав кога не можев добро да одговорам на тоа“ – изјави таа за прес-службата на ВТА.
Турнирот во Мајами се одржува од 19 до 30 март а наградниот фонд е 8.995.555 долари.