Светскиот тениски рекет број 1 во женска конкуренција, Ига Свјонтек, триумфираше на последниот сезонски Гренд Слем преку „големата бара“.
Свјонтек во финалето во САД по речиси два часа игра ја победи Онс Жабер од Тунис по сетови со 6:2 и 7:6. Таа ја освои третата титула на големите собири откако во 2020 и 2022 беше најдобра во Франција на терените на Ролан Гарос.
Тенисерката од Полска со денешната победа останува на лидерската позиција на ВТА листата.