Селекторот на Уругвај Оскар Табарес не сака да се шпекулира со здравствената состојба на напаѓачот Единсон Кавани ден пред четвртфиналето на Светското првенство против Франција. Тој одби да коментира за тоа дали ќе може да смета на голгетерот.
Кавани доби повреда во осминафиналниот натпревар со Португалија (2:1) и беше заменет, откако претходно постигна и двата гола. Подоцна се разјасни дека авторот на три погодоци во четири натпревари на турнирот има повреда на мускулот на левата нога. Во текот на денот фудбалерот на Париз Сен Жермен тренираше по индивидуална програма.
„По оваа повреда, се разбира, дека се вознемиривме. За нас тој е многу важен фудбалер кој до сега игра прекрасно на првенството. Откако се повреди, тој почна да работи на закрепнување. Сака да си ги реализира своите соништа и прави сè, за ова да се случи. Дали ќе игра на средбата сео Франција ќе дознаеме утре“, рече искусен селектор на Уругвај, Оскар Табарес.